а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кани

канат; канел; канет
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 6945
1. Повика, повикува некого на гости, на свадба и сл.
Англиски: invite Албански: ftoj
Примери:
Роднините ги канеа на ручек или на вечера.
Многу пати ги канам дома кај мене.
2. Повика, повикува некого на нешто.
Англиски: challenge Албански: sfidoj
Примери:
На мегдан те канам.
Јас ве канам на чесна работа.
3. Понуди, нуди некого со нешто.
Англиски: offer Албански: ofroj
Примери:
Го канеше да седне на едно кожено канабе.
Не сакаше да вечера, иако тој ја канеше.
4. (се кани) Има желба, сака, се обидува да стори нешто.
Англиски: dare Албански: dëshiroj, kam dëshirë
Примери:
По кој знае кој пат таа се канеше да ѝ се довери на мајка си.
Се канам јас половина година да појдам.
Изведенки
канење ср.
глаг. им.